Модата се менува и враќа: Водителката Сања со ретро фотка од детството и моќна порака

Добивај вести на Viber

Сања Савеска никогаш слепо не ја следела модната сцена, не се опседнува со она што е во тренд и не пати дека мора да го има секое модно парче.

Ова го истакна водителката на „Брза кујна“ во едно интервју за Женски магазин, а на некој начин оваа нејзина девиза ја докажа со последната објава на социјалната мрежа Инстаграм.



Сања, вели дека го носи она во кое се чувствува удобно, а дека модата се менува, но и се враќа, докажуваат фотографиите кои ги објави таа. Со нив, водителката сподели и интересна порака.

*Сања и нејзиниот татко

„Модата се менува и се враќа, а заштитата, љубовта и поддршката од семејството никогаш не излегуваат од мода. Татко и ќерка.“ - напиша харизматичната водителка на Инстаграм, а со објавата сподели и две фотографии. Едната е ретро фотка од нејзиното детство, на која позира со нејзиниот татко.


Фото: Инстаграм

Стил на неделата: Водителката Сања Савеска во перфектна есенска комбинација и безвременските оксфордки

Водителката Сања Савеска и нејзиното момче на најромантичната тврдина од чиј поглед застанува здив: Му се насладуваат на летото