Му дозволив да ја изневерува сопругата со мене.. Сѐ додека не се случи ова!

Бев млада кога прв пат го запознав М. Работевме во иста фирма и за мене тоа беше љубов на прв поглед. Беше многу убав и можеше лесно да ме насмее до солзи. Тоа беше како оние класичните љубовни приказни - М е смешен, вреден, шармантен, а јас се топев кога ќе го здогледав. 

После некое време разменување погледи, насмевки, разговори, М. ми рече дека е оженет и дека има ќерка. Тоа ме скрши, но ме тешеше објаснувајќи ми дека не е среќен со својата жена и дека наскоро ќе бара развод. Како глупава девојка му верував и дури се согласив на врска со него. Почувствував дека ме сака. Често ми ја проповедаше приказната дека неговиот брак бил ноќен кошмар, како неговата сопруга е дома и не му готви и го обвинува за мали неважни работи кои доведуваат до големи караници. Ме убеди во својот несреќен живот и вети дека наскоро ќе го напушти своето семејство поради мене. Потоа еден ден примив повик од неговата жена, П. Кога се соочи со мојот однос со нејзиниот маж, и реков дека ќе го оставам. Но некако, не го оставив. Не можев. 

Му верував на своето срце дека ја пронајдов љубовта на својот живот и дека работите со тек на време ќе се средат со неговиот развод. Но, работите често се влошуваа. П. ме повикуваше константно, ме следеше каде и да одам, ми викаше од автомобилот курво. Траеше така година дена. Потоа М. почна да ме лаже, да измислува изговори, обвинувањата на П. не можев повеќе да ги трпам, затоа ги спакував куферите и отидов. Си отидов од градот како би се оддалечила од М и неговите лаги и игри, но не можев да се откачам од чувството на вина што и нанесов направда на друга жена. Обвинувањата на П. ме пронаоѓаа каде и да бев, и не можев да живеам со нив. 

Вака поминаа речиси пет години, се додека не одлучив да извлечам сила од секоја клетка на своето тело и да ја контактирам П. како би и побарала прошка. Ја најдов на Фејсбук и ѝ раскажав за се. За неколку дена бев во шок, таа ми одговори. Ми рече дека уште е во својот несреќен брак со М и како тој сега има љубовница и две деца со таа жена.  

После се она што се случи меѓу нас П. ми прости и тогаш всушност сфатив колку сум среќна што избегав од М и засекогаш ќе и бидам благодарна што ме спаси од несреќен живот. Имаше моменти кога помислив дека П е причината поради која не можев да ја најдам љубовта, но згрешив. Таа беше најдобра причина поради која тргнав понатаму со својот живот, иако таа и понатаму се бори со својот. 

За сите жени како мене кои живеат живот како љубовници, ве молам прекинете го таквиот живот сега. Премногу луѓе ќе бидат повредени, а таквата љубов и онака е тајна и лажна. Пронајдете ја својата П. и побарајте ѝ прошка.