Музика и вкусна храна: Како шеф Марк го прослави својот роденден?

Неговото лице ни е познато од кулинарското шоу „Брза кујна“ каде со своите брзи рецепти не воодушевува сите. Марк Де Јонг, односно шеф Марк на Фејсбук сподели интересни видеа.

Станува збор за неговата роденденска прослава, на која снаодливиот шеф покажа колку вкусни јадења приготвил за овој повод. Освен тоа, тој ја покажа и роденденската торта на која ги дувна свеќичките.

„Еве како ми помина роденденот... ви благодарам на сите!“ - напиша во својата објава, сега веќе 52 - годишниот миленик помеѓу готвачите.