На денешен ден пред три години Пресвета Богородица ми даде сила: Водителката Милена има повод за празнување

Денес во семејството на водителката Милена Антовска ќе има голем повод за славење. Станува збор за роденденот на нејзината ќерка, малата Лана Марија, која наполни три години.

На Фејсбук го најави овој среќен ден, со тоа што истакна дека денешниот празник Голема Богородица и дал сила за да ја донесе на свет својата прва радост.

„На денешен ден пред три години Пресвета Богородица ми даде сила и после 10 часа на свет ја донесов Лана Марија. Нека ни е за многу години денот!“ - напиша во нејзината објава на Фејсбук, на која го означи и нејзиниот сопруг Гордан Станковски.