На смртна постела имал три желби: Сите занемеле кога ги слушнале!

Десетиот султан на Отоманската империја, Сулејман Величествениот, бил образуван владетел. Зборувал четири јазици, а тронот го наследил кога имал само 26 години. Пред неговата смрт ги повикал најблиските соработници и им ги издиктирал неговите три последни желби.

Првата желба била само неговите исцелители да го носат ковчегот со неговите посмртни останки за време на погребот.

Втората желба му била златниците и скапоцените камења да останат позади поворката на патеката по која ќе поминат неговите посмртни останки.

Третата желба била од ковчегот да му излегуваат рацете, и тоа така да може сите да ги видат.

Кога главниот воен командант, поприлично збуинет од тоа што го слушнал, го прашал за причините за таквите желби, Величествениот му објаснил.

Најдобрите исцелители да ги носат моите посмртни останки за сите да видат дека и тие се немоќни пред смртта.

Расфрлете го наоколу златото кое целиот живот го собирав за сите да видат дека тоа што го стекнуваме останува на овој свет.

Моите раце нека бидат надвор од ковчегот за сите да видат дека и покрај огромното богатство, нивниот султан заминува на оној свет со празни раце!