На српската манекенка Наталија ѝ понудиле 70.000 долари за да го заведе Новак Ѓоковиќ: Сѐ со цел да му го уништат бракот
Српската манекенка Наталија Шчекиќ откри бомбастичен заговор за изнудување осмислен да го уништи животот на тениската sвезда Новак Ѓоковиќ.
Шчекиќ излезе во јавноста со тврдења дека била контактирана за да отиде на состанок и претпоставила дека се работи за деловна можност.
Сепак, вели таа, состанокот не бил ништо друго освен обид да ја намамат да го заведе и да сними сексуални односи со скриена камера со светската тениска sвезда број 1, Новак.
Популарната Инстаграм ѕвезда даде интервју за магазините Свет и Скандал во кои открива дека ѝ биле понудени 70.000 долари за да го заведе 33-годишниот првак во тенис.
Таа вели дека заговорот вклучувал и снимање на сексуални односи со Ѓоковиќ, со цел да му го уништи бракот.
„Вистината е дека едно момче ме контактираше. Го познавам (од Лондон) и го сметав за сериозен“, вели Шчекиќ во интервјуто.
„Јас сум запознаена со нивната работа. Кога ме праша тој за состанок, помислив дека е за деловна работа. Сепак, како што се одвиваше разговорот, видов дека нема никаква врска со мојот живот.
Мислев дека е скриена камера кога ми рече дека морам да го заведам Новак и да го снимам, но да не се грижам за тоа како ќе се изведе бидејќи тој веќе се погрижил.
Тој ми рече дека можам да добијам околу 60.000 евра за тоа + патување каде што сакам. Се смеев, очекувајќи да каже дека е шега, но човекот беше многу сериозен. Се чувствував многу навредено и понижено. Тие навистина подготвуваа пеколен план. Ми рекоа да го однесам Новак некаде на некое интимно место и да го снимам сето тоа “.
Таа рече дека била лута од понудата и излетала.
„Во тој момент помислив да го удрам, да фрлам вода врз него, но се воздржав затоа што бевме на јавно место“, рече таа. „Ги собрав своите работи и заминав. Се надевам дека не најде девојка што прифатила да го стори тоа, бидејќи не е фер кон Новак.
Тој е нашиот најдобар амбасадор, примерен човек, семеен човек, за некој да се обидува да го заведе така за пари.“
Таа рече дека се надева дека јавното зборување за ова ќе спречи да се реализира „операцијата“ со друга жена. Откритието следи по повеќегодишните гласини што ги следеа Ѓоковиќ и неговиот брак со сопругата Јелена.
Нивниот седумгодишен брак претходно беше погоден од гласините за негово наводно неверство.
Ѓоковиќ повеќе пати ги негираше обвинувањата и тоа го стори повторно во 2020 година.
„Разбирам дека е поинтересно за луѓето да читаат дека Ноле и Јелена се разведуваат отколку дека се заљубени“, рече Ѓоковиќ.
„Но, тоа не влијае на мене и на Јелена затоа што се сакаме.“
Тие се во брак од 2014 година и имаат две деца заедно - Стефан, 6 и Тара, 3.
извор: nypost.com
Поврзани вести:
Нежна прегратка и 1001 ружа: Вака Ѓоковиќ пред 13 години ја изненади Јелена
(ВИДЕО) Срце колку планина: Новак Ѓоковиќ му испрати видео поздрав на момче со аутизам од Штип