Надја е самохрана мајка на 14 деца: родила шесторка, потоа и осумка - еве како живеат

Како единица, оваа млада жена отсекогаш посакувала да има брат, сестра и големо семејство, и на крајот го доби токму тоа...

Улогата на родител воопшто не е лесна, дури и кога станува збор за едно дете, кое е згрижено во двојка. Самохраното родителство е посебна тема и бара многу повеќе. И кога ќе помислите дека постојат оние мајки кои сами одгледуваат повеќе од едно дете, единствената соодветна реакција би била длабок наклон.

Американката Надја Сулеман, е самохрана мајка на дури 14 деца и фантастично се снаоѓа во оваа улога. Кога родила осумка, луѓето се прашувале дали може да направи сѐ сама, и таа покажа дека тоа е можно, и без некои поголеми проблеми.


Како единица, оваа млада жена отсекогаш посакувала да има брат, сестра и големо семејство. За жал, поради здравствени проблеми, таа не можела да забремени природно, па заштедила пари за вештачко оплодување и прво станала мајка на шест деца, а потоа сакала и повеќе.

Како што вели, кога забременила со осумка, стомакот почнал да и расте по само девет дена. По шест месеци, нејзиното ребро се скршило, па морала да лежи шест недели, кога мајка ѝ се грижела за неа.

Поради компликации во бременоста, нејзините осум бебиња се родија со царски рез, но сите беа здрави. Во времето на раѓањето на децата, таа била невработена и живеела со својата мајка.

За сето тоа време, таа се обидувала да најде работа, за да може да ги нахрани децата.

Во моментов живее со своето семејство во округот Оринџ.

Надја е патем веганка и верува во моќта на здравата исхрана, а децата го следат нејзиниот пример.