Најемотивната сцена некогаш видена на Вимблдон: Кејт Мидлтон дочекана вака (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

До самиот крај беше неизвесно дали Кејт Мидлтон, која се бори со ракот, ќе присуствува на овогодинешното финале на Вимблдон и ќе му го додели трофејот на победникот. Кога се појави, беше пречекана со овации.

Принцезата Кејт ќе ја извршува оваа функција во придружба на директорката на клубот Дебора Џеванс (носител на Орденот на Британската империја), извршната директорка на клубот Сали Болтон (исто така носител на Орденот на Империјата) и Сенди Проктер, претседателот на домашната тениска асоцијација

Нејзиното доаѓање во кралската ложа пред почетокот на финалниот меч беше дочекано со овации.

View this post on Instagram

A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)



Организаторите претходно изјавија дека се надеваат дека принцезата ќе има сила да присуствува на церемонијата на трофејот и дека се подготвени да и пружат максимална поддршка и флексибилност.



Нејзиното појавување на трибините предизвика громогласен аплауз кај публиката. Кејт пристигна во кралската ложа со нејзината ќерка принцезата Шарлот, кралицата Камила и сестрата Пипа Мидлтон. Таа за оваа специјална пригода избра виолетова тоалета, една од карактеристичните бои на турнирот, украсена со карирана лента во боите на натпреварувањето.

ФОТО: ЕПА