Најтешка фаза на секоја болест: Зошто судбината нѐ избрала токму нас?
Шпанската тенисерка Карла Суарез Наваро повторно ја
искоментира нејзината борба со ракот, односно Хочкиновата болест.
Суарез Наваро кон средината на минатата година откри дека боледува од рак, а наскоро ќе го заврши лекувањето и се очекува да се врати на терените.
Во неодамнешното интервју за еден шпански медиум, таа ги откри своите чувства за несреќната судбина.
„Се чувствувам прилично добро, земајќи сè во предвид и наскоро ќе ги завршам терапиите. Отсекогаш сум велела дека успехот доаѓа преку процесот на учење и работа“, вели Суарез Наваро и додава:
„Најтешката фаза на оваа болест ќе биде да се одречеме од неа или да се запрашуваме секогаш зошто судбината нè избра нас. Веднаш штом дознав дека сум болна, решив да бидам мирена и спокојна. Неопходно е да се остане позитивен и да се надеваме за да се бориме против оваа болест. Постојано размислував за што побрзо закрепнување и можам да ви кажам дека ситуацијата се подобри“.
Шпанката планира да се појави на Олимписките игри во Токио во 2021 година, каде се надева дека ќе се натпреварува во двојки.
Таа требаше да ја заврши кариерата на крајот на 2020 година, но болеста ја натера да почека и барем уште еднаш да зачекори на тениското игралиште.
„Овој карцином ме научи дека треба да живеам во сегашноста што е можно повеќе. Не беше пријатно за никого, не само за мене, туку и за сите околу мене. Тенисот и спортот ми значеа сè уште како дете. Сакам да тренирам, сакам кога само гледам тенис на телевизија “, додаде 32-годишникот од Лас Палмас.
Фото: Инстаграм/carlasuareznava
Можеби ќе ве интересира: