Најубавата македонска манекенка: Се самоуби, но остана да биде симбол на природна убавина

Добивај вести на Viber

Беше поим за убавина, сите и се восхитувавме. Изгради одлична кариера во Македонија како манекенка па и надвор од неа. Снимаше спотови, некои во Турција, таму работеше како модел, а потоа замина за Америка каде што исто така имаше снимано едиторијали и реклами. 

Марија Радуловиќ ќе остане запаметена како една од најубавите наши манекенки која им парираше на светските супер моделки. Долги нозе, продори и крупни очи, лиено тело... Ја имаше и во неколку македонски спови, рекламни кампањи, модни ревии.

После некое време се повлече од манекенството, се врати во Куманово и се уште никој незнае зошто го изврши тој грозоморен чин.

Имено, според првичните информации на полицијата, 36-годишната Радуловиќ се самубила со бесење на балконот во 2009 година. По наредба на истражен судија телото било предадено на семејството. Безживотното тело на манекенката Радуловиќ го забележале случајни минувачи, како виси на сајла од вториот кат на зградата во која живеела на улицата Трета македонска ударна бригада во Куманово. 

Фото: Принтскрин- Youtube- KOKTEL - SLUGA I CAR