Наместо да ги барате вашите маани, прочитајте ги овие моќни зборови на актерската дива Мерил Стрип

Актерската дива, Мерил Стрип е позната како личност која живее по свои правила и не се грижи што мислат другите, а ние ви издвоивме една нејзина мисла која е важна порака до сите кои се несигурни во својот изглед.

Актерската дива Мерил Стрип никогаш не била жена која „играла на карта“ изглед и заведување, туку својата кариера ја градела со внимателно избрани улоги. Таа не се обидуваше да се промени со текот на годините, туку ги прифати сите нејзини доблести и маани. Иако е дел од холивудската машинерија, таа цело време живее по свои правила и принципи. Фактот што секогаш била своја, искрена, непоколеблива, тежнеејќи да биде поинаква, ја прави одлична актерка, но и мудра жена од која може многу да се научи.

Во своите интервјуа, Мерил постојано истакнува колку е важно да се биде оригинален и свој, да го правиш она што го сакаш, а не она што другите го очекуваат од тебе. Така во една прилика на новинарско прашање за стандардите на убавината и физичкиот изглед на кои денес се изложени жените, актерката одговори:

Што значи да се биде независна и самосвесна жена која знае што сака

- Би сакала да им порачам на девојките да не се грижат толку за својата тежина. Тие поминуваат премногу време размислувајќи за тоа, но има толку многу убави нешта во светот. Истото важи и за мажите и за жените - токму она што ве прави „чудни“ или различни од другите е вашиот адут, вашата предност. Сите се трудат да изгледаат како сите други, но во реалноста светот ги забележува само оние луѓе кои на некој начин се истакнуваат. На пример, порано го мразев својот нос, а сега не, бидејќи никој нема како мојот нос – изјави Мерил Стрип.

Ќерките на Мерил Стрип се нејзина копија: Мејми и Грејс се исто така актерки (ФОТО)

извор:zenskikutak