Научив да бидам изолирана: Искрено интервју со Сара Гигова

Добивај вести на Viber

Има само 14 години, а зад себе низа успеси. Сара Гигова е една од новите млади музички надежи. Учествуваше во неколку балкански и македонски музички натпреварувања, но има освоено и голем број награди низ Европа. 

Најпрво македонската јавност те запозна во музичкото натпреварување „Неки нови клинци“, а потоа следеа и останатите шоуа.  Што е она што го научи од сите овие натпреварувања? 

- Секое натпреварување има посебни предности. Со оглед на тоа што во „Неки нови клинци“ настапував кога имав само 11 години, односно кога почнав посериозно да се занимавам со пеење, ова натпреварување ми ја даде сликата како треба да изгледа едно големо и добро организирано шоу и со тоа ме поттикна уште повеќе да работам на себе. Сите натпреварувања ми донесоа преголемо искуство, но најважно од се е што ги гледам како предизвици, така што се трудам да го дадам својот максимум и секое натпреварување претставува нов почеток за мене. Никогаш не сум се чувствувала како победник, напротив секогаш барам нешто повеќе и нешто поголемо што би го постигнала понатаму во животот.

Целото интервју прочитајте го на Hashtag.mk