Не била ни родена кога се снимал „Титаник“: Новата девојка на Леонардо ди Каприо е вистинска бомба, помлада од него речиси 3 децении (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Леонардо ди Каприо повторно ги помести границите - кога се во прашање девојките. Сега ја освои Викторија која има само 23 години

Леонардо ди Каприо е фотографиран со актерката Викторија Ламас, која има само 23 години, а тоа беше доволно светските медиуми да ја објават информацијата дека таа е неговата нова девојка.


Долго време се шпекулираше дека тој се обидува да ја оствари врска со манекенката Џиџи Хадид, но се чини дека ништо не излезе од тоа, бидејќи Џиџи како самохрана мајка не одговара на неговиот профил на девојка.

Лео обожава млади девојки, на кои бракот не им е приоритет. Сега изгледа дека сето тоа го нашол во Викторија, која се роди две години по снимањето на „Титаник“, филмот кој го прослави Ди Каприо.

Викторија потекнува од филмско семејство - нејзиниот татко е актерот Лоренцо Ламас, а мајка ѝ е Шуна Санд, актерка и поранешна зајачица на „Плејбој“.

Погледнете ги фотографиите кои ги поттикнаа гласините за забавувањето на Леонардо ди Каприо и младата Викторија:


Извор: stil.kurir.rs