Не, не е облечена- гола е: Тоа што го гледате се тетоважи- по цело тело

Нејзината опсесија започнала уште кога била тинејџерка, но тогаш ја направила својата прва грешка

Жената која ја доби „титулата“ најтетовирана жена на светот започна да го тетовира лицето откако остана без простор на остатокот од телото.


Беки Холт го покри целото тело со тетоважи. Дизајнерката за внатрешен дизајн вели дека се навлекла на тетоважи уште во раните 2000-ти кога имала 15 години.

Беки од Поинтон проценува дека нејзините тетоважи вредат околу 35.000 фунти, иако потенцира дека некои ги добила бесплатно. Нејзина омилена, како што вели, е тетоважата со стихови од Дејвид Боуви на нејзиното чело.



„Останав без простор, а сакав повеќе“, рече таа и додаде: „Мислев дека никогаш нема да ги истетовирам рацете, вратот или лицето, но кога останав без простор се предомислив“.

Беки, вели дека нема шанси да ги изброи сите тетоважи што ги има, а некои се на интимни места.
View this post on Instagram

A post shared by Becky Holt (@becky_holt_bolt)


Таа е популарна и на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 66.000 луѓе , мажена е и има деца.

Нејзината опсесија започнала уште кога била тинејџерка, но тогаш ја направила својата прва грешка. - Кога имав 15 години, го истетовирав името на поранешниот на меѓуножјето.

„ Дефинитивно пораснав и се покајав, па го покрив со черепи“, рече таа.


Фото: Инстаграм/ beckyboltholt