Не планираат брак: Ана Бекута искрено за врската со Мрка

Добивај вести на Viber

Српската пејачка Ана Бекута, искрено проговори за приватниот живот. 

Неодамна, пејачката гостуваше кај водителката Вања Камовиќ во Курир ТВ, каде неизбежна тема беше нејзината осумгодишна врска со Милутин Мркоњиќ Мрка. Гледачите ѝ поставуваа прашања, а едно од нив беше дали тој ѝ приготвува кафе и за јадење.

- Тој не влегува во кујната. Милутин секогаш вели дека неговата мајка го научила дека само една личност може да биде во кујната, тој сака да каже дека работата го облагородува набљудувачот. Јас сакам да му угодам, имаме свои ритуали, утринско кафе со кое најчесто разговараме и правиме планови. Утрото е наше време - рече Бекута и додаде дека никогаш не помислила „зошто не се сретнавме порано“.

- Се запознавме кога требаше и кога бевме подготвени еден за друг. Ми требаше поддршка во форма на фигура како него. Благодарност до универзумот што Милутин беше тука. Во љубов сме веќе осум години.

Пејачката се врати седум години наназад кога Мрка се повлекол од функцијата министер заради неа.

- Тоа беа тешки моменти за нас двајца, особено поради медиумите. За да ги запре сите тие шпекулации, тој поднесе оставка во 2013 година, отиде на важен состанок во неговата партија, мислам дека беше во момент на реконструкција на владата. Слушнав на вести дека поднел оставка. Не навлегував во тоа, верував дека тој ќе донесе вистинска одлука за нас. Така беше. Во моментот кога тој поднесе оставка, тие нè „пуштија“. Јас бев колатерална штета затоа што знаеја дека најмногу го повредува, ако ме стават во текст. По оставката, тие прекинаа да ни се мешат. 

Љубовта победи. Милутин е тој што направи важни потези во нашите животи и го почитувам неговото мислење за мојот син, внуците. Тој навистина навива за сите нас и има важни совети, тој е полн со искуство, и е добронамерен и секој од нас го сака и почитува.

Во емисијтата, Ана откри дали ќе се омажи за Мрка.

- Не, не се мажам. Не можам да бидам поомажена со Милутин отколку што сум сега.

Таа исто така зборуваше за предрасудите што луѓето ги имаат за нивната врска.

- Тие имаат предрасуди затоа што не знаат какви сме ние. Кога ќе се сретнат со нас и ќе разберат како функционираме, велат, Боже, јас немам таква љубов, би сакал таква личност до мене. 

Се запознавме во зрелоста и честопати ни приоѓаат млади луѓе, жени кои велат дека влеваме надеж и верба во вистинска љубов. Тоа е суштината - рече Ана и откри дека размислува да напише автобиографија.

извор: glossy.espreso.rs