Животна училница // Приказни
„Не знаев, дека твоите солзи толку многу можат да ме болат“: Калиопи со емотивни стихови за загинатите во пожарот во Кочани
- 20 Март, 2025 09:24

На загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани кои денеска ќе бидат испратени во вечните почивалишта, Калиопи им посвети емотивна песна која денес ја споделуваме со вас.
„Не плачи,
те молам мило мое немој сега кога одам
не знаев,
дека твоите солзи толку многу можат да ме болат
гушни ме,
и стопи ме на твоите раце како мед
голтни ја
и оваа последна и болна мисла на тебе…“