Неколку дена по породувањето почувствувала болка во стомакот, а неколку часа подоцна ѝ биле отсечени рацете и нозете

Ниту една жена не е имуна на ужасот што ја снашол оваа дама набргу откако започнала нов живот

33-годишната Канаѓанка Линдзи Хаби се породила во март 2017 година. Се поминало добро и таа и нејзиниот син по неколку дена биле пуштени од болница и заминале дома. Меѓутоа, кратко потоа, болки во стомакот почнале да ја мачат младата мајка.

„Имав неконтролирани мускулни грчеви и болки. Не беше како ништо што некогаш сум почувствувала. Моравме да повикаме брза помош. Докторот во болницата ми дијагностицираше запек. Ми рече да пијам повеќе сокови и ќефир“, се сеќава Линдзи. 

Откако се вратила дома, почувствувала малку вртоглавица и умор, но мислела дека тоа е нормално за жена која неодамна се породила. Меѓутоа, следниот ден, по будењето, Линдзи открила дека повеќе не може ни да стане од кревет.

Повторно посетила медицинска установа. По голем број тестови, лекарите ѝ кажале на младата мајка дека има опасна инфекција - некротизирачки фасциитис.

Станува збор за бактериско заболување на кожата кое најчесто се јавува кај отворени рани и се шири многу брзо. Токсините го ограничуваат снабдувањето со крв во ткивата.

Ниту антибиотиците, ниту одбрамбените механизми на една личност не можат да ја спречат оваа инфекција. Без итна медицинска помош, пациентот е осуден на смрт. Медицинската помош се состои во отстранување на заразеното ткиво.

Откако ѝ била дијагностицирана болеста на Линдзи, таа била однесена на одделот за интензивна нега и оперирана. Ѝ ја отстраниле матката.

Поминала две недели во кома - првите две недели од животот на нејзиното дете.

„Се разбудив и живеев од лекови против болки“, додала таа. Меѓутоа, откако се разбудила, забележала дека рацете и се покриени со црни хируршки ракавици. Причината била што инфекцијата многу бргу се проширила на рацете и нозете, лекарите реагирале но не доволно брзо за да ги спасат нејзините екстремитети.

Прво и ги ампутирале рацете на Линдзи, а набргу потоа и нозете до под колената.

„Многу беше тешко да се прифати она што станав. Има денови кога се прашувам зошто ми се случи ова. Само се обидувам да останам позитивна и да уживам во фактот дека сум жива и дека можам да го видам мојот син, кој го носев 9 месеци во мојот стомак и што е плод на мојата љубов“, признава таа.

Линдзи ги поминала првите 7 месеци од животот на нејзиниот син во болница. После тоа, таа започнала со рехабилитација, која треба да ја подготви за протези. Таа се надева дека благодарение на нив ќе може да се грижи за своето дете.

Семејството на Линдзи ја тужи болницата во која таа се породи. Ги обвинува установата и лекарите за невнимание што довело до многу тешки последици. Засега нема коментар од раководството на болницата за случајот.


Фото: unsplash

Извор: Жената.блиц