Нема избор на вакцини: Во Македонија граѓаните ќе се вакцинираат само со вакцината на Фајзер

Секојдневна тема овој период е вакцинацијата против Ковид-19, за која граѓаните дебатираат дали да се вакцинираат, дали имунизацијата ќе биде безбедна, кој смее, а кој не би смеел да се вакцинира. Сведоци сме на разни постови по социјалните мрежи од луѓе кои се поддржувачи на вакцините, до оние антиваксери кои повеќе веруваат во теории на заговор дека пандемијата на Ковид-19 е светска измама.

Како и да е, во многу земји вакцинацијата се спроведува веќе од пред крајот на 2020, а медиумите јавуваат за ретки случаи на контраиндикации по вакцинирањето. Кај нас вакцината треба да пристигне во февруари, но граѓаните, гледајќи дека во соседството постои можност за избор помеѓу повеќе вакцини, сега се повеќе загрижени дали вакцината од производителот Фајзер ќе биде ефикасна.

-Веќе има многу написи во кои разни експерти, пред сè имунолози и епидемиолози, посочуваат која вакцина е подобро да се прими во однос на тоа дали некој прележал Ковид-19, дали некој има други хронични заболувања или пак станува збор за генерално здрави луѓе. Кај нас има многу оскудни информации во однос на овие прашања. Неизвесноста е навистина голема. Многу би било подобро да постои избор меѓу повеќе вакцини, па граѓаните да слушнат совети од лекарите за која вакцина да се одлучат, велат соговорниците на Фактор.

Повеќе детали за вакцините и што велат граѓаните за тоа, прочитајте на Фактор.мк

Фото: фактор.мк