Несудената снаа на Цеца: Поранешната девојка на Вељко е прекрасна трудница

Ќерката на генералниот директор на „Црвена ѕвезда“, Ѕвездан Терзиќ, Маша Терзиќ одбројува ситно до породувањето.

Имено несудената љубов на синот на Цеца Ражнатовиќ, во последно време е многу активна на социјалните мрежи, па често споделува фотографии со трудничкиот стомак. Така овој пат идната мајка позира во бикини на брендот „Фенди“.


Непосредно пред тоа таа сподели уште една фотографија на која позира без шминка и изгледа навистина одлично додека го очекува своето прво дете.


Маша носи машко дете, а треба да се породи на крајот на јуни годинава.

Да потсетиме, на почетокот на годината во јавноста излезе веста дека поранешната девојка на Вељко Ражнатовиќ чека бебе. Бидејќи Маша Терзиќ не се експонира во медиумите, не се знаеше дека е во среќна врска, па многумина се прашуваат кој успеал да ѝ го украде срцето.


Извор: www.espreso.co.rs