Невообичаена и шокантна ситуација ја снајде пејачката: Шакира беше нападната од животно додека се шеташе со синот

Популарната колумбиска пејачка Шакира се најде во сосема невообичаена ситуација за време на прошетка со синот Милан. Додека шетала низ Барселона, била нападната од диви свињи.

Животните успеале да ѝ ја откинат чантата и да ја оштетат, а таа сепак успеала да им ја земе и да се засолни.

- Погледнете што направија од мојата чанта дивите свињи што ме нападнаа во паркот. Ми ја однесоа чантата во шумата со мобилниот телефон. Тие уништија се‘ - кратко рече пејачката на објава на Инстаграм, која брзо ја избриша, а потоа му се обрати на својот син.


- Милан, кажи ја вистината. Кажи како твојата мајка се спротивстави на дивите свињи - додаде пејачката.

Ова не е еден од првите напади на диви свињи, бидејќи во 2016 година нападнаа луѓе, кучиња и го попречија сообраќајот.


Фото: Инстаграм/Шакира/Твитер