Ни требаат 4 прегратки дневно за да преживееме: 8 за одржување и 12 за раст и развој
Научниците открија дека прегратката има лековити својства и е многу
ефикасна за нашето ментално здравје, но и за лекување на осаменост, депресија,
анксиозност и стрес.
Научниците тврдат дека гушкањето ослободува окситоцин во мозокот, што може да го зголеми чувството на интимност и да ја подобри социјалната врска помеѓу две лица. Високото ниво на окситоцин придонесува за романтична приврзаност, но исто така може да го намали чувството на осаменост.
Професорот по когнитивна невронаука Брајан Харе изјави за Вашингтон пост дека дури и гушкањето куче придонесува за ослободување на окситоцин.
Важно е да се истакне дека окситоцинот може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и да го намали нивото на кортизол (хормон на стрес), што резултира со чувство на задоволство, нежност и наклонетост.
Покрај тоа, гушкањето ослободува допамин, хормонот на задоволството кој често се поврзува со хормонот на среќата. Луѓето на кои им се дијагностицирани промени во расположението како депресија и анксиозност имаат тенденција да имаат ниски нивоа на допамин, а научно е докажано дека гушкањето им помага да се чувствуваат подобро.
Студијата спроведена на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург покажа дека луѓето кои повеќе се гушкаат се помалку под стрес.
Фото:freepik