Ние ги обожаваме, нејзе ѝ се забранети: Овие 3 намирници Кејт Мидлтон не смее ни да ги погледне за вечера

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон несомнено ги следи сите правила, вклучително и оние поврзани со личната исхрана

Правилата и ограничувањата во британското кралско семејство не се ништо ново, но неговите членови мора да подлежат на различни ограничувања за многу прашања.

И принцезата Дијана и Меган Маркл покажаа екстремно незадоволство поради тоа што им беше наметнат одреден начин на живот, па и двете најдоа начини како да се „оттргнат“ од семејството и пропишаа правила, но Кејт Мидлтон никогаш не покажа ништо што ѝ пречи.

Таа несомнено се придржува до сите правила, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на исхраната.

View this post on Instagram

A post shared by Catherine Princess of Wales (@katemiddletonprincessofwales)


Како што раскажал поранешниот готвач на дворецот, Дарен Мекгрејди, кралицата Елизабета не сакала јаглехидрати и поради тоа никој во целиот двор не смеел да јаде одредени јадења.

На Кејт Мидлтон ѝ е забрането да јаде и компири, ориз и паштети за вечера.

Сепак, не е познато дали кралот Чарлс ги променил овие правила.

Освен тоа, Кејт не смее да јаде ризична храна кога се во прашање јавни настани. На пример, таа не треба да јаде школки, кои ако не се свежи или добро подготвени, може да предизвикаат труење.

Извор: glossy.espreso.co.rs