Никогаш не чепкајте: Трикови како да се ослободите од водата што останала во ушите после капење

Добивај вести на Viber

По посетата на базен или плажа често се случува да имате впечаток дека има вишок вода во вашите уши.Ова се случува затоа што водата се меша со ушната маст создавајќи чувство како да ви е целосно блокирано увото. Обично трае кратко, но доколку се пролонгира може да доведе до болка, инфекција, па дури и до појава на „пливачко уво“.

За среќа, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од ова непријатно чувство. Доколку не ви помогнат, а непријатноста трае подолго од 24 часа, консултирајте се со лекар.

Не чепкајте - прстите или стапчињата за јадење може само да го влошат тоа чувство, затоа одолејте се на нагонот за чепкање.

Направете вакуум - создадете лесен вакум со вашата дланка за да помогнете да се исцеди течноста.

Топла облога - стерилна облога натопена во топла вода ќе го омекне восокот и ќе помогне да се исцеди од увото.

Фен - насочете го кон увото каде што има преостаната вода и нежно тресете ја главата напред-назад додека водата не истече.

Мешавина од алкохол и оцет - измешајте медицински алкохол и бел оцет и ставете пет капки во увото. Тоа треба да донесе моментално олеснување. Истата постапка наместо со аллкохол и бел оцет, можете да ја направите и со 3% хидроген.