Никогаш не се согласувајте на лошо кафе, лоши пријатели и лош маж

Да се биде рамнодушен-не е добро. Луѓето сакаат, вие секогаш да бидете нивни, да пловите по текот, но и да ги прифаќате работите такви какви што се. 

Можеби во некои сфери на животот така и треба, но, секако не во сите. Постојат сфери каде никогаш не треба да прифаќате средина. За некои работи треба да се борите. Луѓето, кои не знаат, како е да се живее, онака како што тие сакаат, ве принудуваат да се чувствувате лошо поради тоа што тежнеете кон нешто. Може да ве наречат сноб, егоист-само затоа што се борите за она што ве прави среќни. 

Ако живеете често грижејќи се што да мислат другите за вас, тогаш ќе имате многу мирен и досаден живот. 

Ако вашата страст кон животот ги плаши луѓето, тогаш нека си одат. 

Ако вашата енергија е премногу голема за некој, ослободете ги.

Вашиот живот треба да биде одраз на тоа што најмногу сакате и што ве прави среќни. Не треба да се плашите тоа да го кажете. Ако се однесувате како тоа да не ве интересира, тогаш од животот ќе го добиете она, што не ве интересира. Се е едноставно. 

Има милиони други работи, кои не можете да ги контролирате, и на кои мора да заборавите. Обично тоа е она што е поврзано со другите луѓе и со тоа што мислат тие. Чувствуваат и работат. 

Никогаш не треба да очекувате нешто од другите, поради тоа што не можете да влијаете на други, ниту да го промените она што тие го прават. Тоа што можете да го промените, само тоа  дозволете го во својот живот. Можете да го контролирате нивото на живот, на кое сакате да живеете. 

Не трошете време да бидете со лоши пријатели, кои ве користат само поради друштво за пијалок. 

Не трошете време да бидете со лош маж. Тој никогаш нема да се откаже од својот збор и  ќе ве принудува да го чекате. 

Никогаш не се согласувајте на лошо кафе. Подобро е да платите неколку дополнителни центи, па да си купите за себе нешто навистина вкусно. 

Животот е премногу краток за да губите енергија на работи кои ве исцрпуваат. Престанете да бидете рамнодушни. Базирајте се на она што можете да го направите, за да бидете среќни.