Никола Тесла: „Ако човекот постигне сè што сака и го загуби здравјето - изгубил сè“
Верувањата на Никола Тесла биле многу специфични и тој го гледал светот на сосема поинаков
начин од другите.
Некои ќе речат: „Здравјето можеби не е сè, но се останато без здравје не вреди ништо!“ Ако човек добие се што сака и го загуби здравјето, тоа што го постигнал, малку му значи. Ова се дел од неговите сфаќања.
Во оваа смисла, постојат 5 елементи кои се нарекуваат „позитивни вредности за преживување“:
Правилна исхрана и соодветен внес на течности во организмот.
Тесла јадел одредена храна која го одржувало неговото тело во рамнотежа. Редовно пиел повеќе од еден литар топло домашно млеко дневно. Практикувал секојдневна физичка активност и правилно дишење, кои ја подобруваат испораката на кислород до ткивата. Никола Тесла многу се движел и секој ден пешачел и по 20 километри, велејќи дека пешачењето е најлековито за човечкото тело и здравје.
Доволно сон, одмор и релаксација.
Тесла спиел и одморал на регенерирачки начин.
-Кога спијам, спијам уметнички. Доброто уметничко спиење е уметност како длабокото дишење што мора да се научи. Тоа е една од тајните на Истокот и мислам дека ја открив таа тајна. После таков сон, колку и да е краток, морам да правам физички вежби за да ја избалансирам новостекнатата животна сила, изјавил Тесла.
Уживал и во друштво на уметници, во музика, кино, рецитирање и слушање народни епски песни за својата татковина.
Сепак, најмногу од сè неговото срце и душа уживале во дружењето, хранењето и лекувањето на неговите пердувести пријатели, гулабите, за кои доброволно се грижел до крајот на својот живот. И секако, позитивен ментален став (кој зависи од верувањата и мислите што ги имаме во секој даден момент). Тесла беше оптимист и добротвор на планетата во секоја секунда од неговата состојба на будење и спиење.
Постојано ги одржувал правилните функции на нервниот систем. Ова особено ги вклучува здравиот 'рбет и централниот нервен систем, од кој се разгрануваат најголемите крвни садови, периферниот нервен систем, капиларниот систем, плус центарот на автономниот кој ја контролира работата на нашите внатрешни органи.
Никола имал исправен 'рбет како стрела кога бил млад, но и во неговите повозрасни години, својсвтено натоа брилијантна мозочна елоквентност и луцидност.
Тој правилно го користел својот организам, го регенерирал и го израмнувал со високофреквентни струи со неговите уреди базирани на овие струи. Ги проучувал нервниот систем и биомеханиката на човечкото тело, успешно ги проектирал во телеавтоматиката, од која подоцна ќе произлезе роботиката, особено медицинската.
Фото:freepik