Ништо за неа, родителите цело наследство му го оставиле на синот: Се обидувам да ги оправдам, ништо не ми е јасно

Српската водителка Наташа Аксентијевиќ неодамна откри дека не е во најдобри односи со семејството, а сега призна дека се обидува да најде оправдување за нивните постапки, но дека не успева во тоа.

Наташа Аксентијевиќ неодамна за прв пат ги спомена своите родители, во емисијата „Гранд Магазин“, кога водителот ја објави под моминско презиме Миjуш.

- Јас не сум емотивно врзана за тоа презиме, во ред е да бидам Аксентијевиќ и сум Аксентијевиќ веќе 10 години, откако се омажив за сопругот. Да ми дадеа тие родители нешто како наследство, за да се рече, ајде да го задржам презимето.. Тие го имаат тој син на кому му дадоа сè, па нека го носи нивното презиме, јас нема да го правам тоа - беше остра Наташа во својата изјава.

Таа сега изјави дека наишла на недоразбирања од страна на нејзините родители.

- Ништо на таа тема не ми е јасно. Се обидувам да им оправдам сè и сешто на родителите, дури и нашето опкружување, менталитет, обичаи ... И едноставно не разбирам што сè ми се случи - објаснува водителката за списанието „Стори“.

На прашањето какви се односите меѓу неа, нејзините родители и нејзиниот брат, Наташа одговори:

„Како и повеќето семејни односи меѓу Србите, бурни, со лажни насмевки и треснати врати.“

Извор: блиц.рс

Фото: Инстаграм- NATASAAKSENTIJEVIC