Објави видео од детството: Еве како изгледала познатата реалити ѕвезда како тинејџерка, пред сите пластични операции (ВИДЕО)

Познатата реалити ѕвезда објави видео од детството снимено од нејзината сестра Клои.

Познато е дека Ким Кардашијан направи бројни естетски операции за, според неа, да изгледа што подобро. Затоа многумина се изненадија кога на социјалните мрежи објави видео од тинејџерските денови.

Ќе биде позната кога ќе порасне

Видеото го снимила нејзината сестра Клои и се слуша како вели: „Нејзиното име е Ким, таа е многу згодна и ќе стане позната кога ќе порасне“, на што Ким одговара: „О, го знам тоа“. Во описот на објавеното видео, Ким Кардашијан на шега напиша: „Клои, снимателка и вештерка“.

Следбениците на познатата старлета беа воодушевени од нејзиниот изглед од тинејџерските денови. „Ти си истата Норт“, „Како да ја гледам ќерка ти Норт“, напишале под видеото споредувајќи ја Ким со нејзината најстара ќерка.

Фотографија со лизгалки

Ким Кардашијан повремено објавува фотографија или видеа од нејзиното детство. Таа во една прилика ги изненади своите следбеници со фотографија на која е мало девојче кое позира во лизгалки, со гримаса на лицето која признала дека ја прави и денес.

На фотографијата е Ким во хеланки и розова маичка додека ги врзува врвките на нејзините розови лизгалки. Под објавата познатата старлета напиша: „Сѐуште го правам ова лице“.

А потоа некои од нејзините следбеници забележале колку ќерката Норт личи на нејзината мајка и тоа го напишале во коментарите, додека други тврдат декаќерката Чикаго повеќе личи на Ким.

Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs