Обожавателка на Здравко Чолиќ ја нападнала неговата сопруга со нож: Затоа Сандра никогаш не се појавува во јавноста?!

Добивај вести на Viber

Иако денес тој е најголемата sвезда на овие простори и има бројни успеси, Здравко Чолиќ не се сеќава на сите настани со насмевка.

Особено кога обожавателка скокнала од публиката и ја нападнала неговата сопруга Александра, со која Здравко е во брак од 2001 година.

Имено, многумина се прашуваат зошто Сандра, со која Чолиќ има две ќерки, скоро никогаш не се појавува во јавноста. Српските медиуми јавуваат дека можеби една од причините е токму скандалот што се случил во тоа време.

- Поминав и искусив многу во мојот живот. Еднаш сопругата беше нападната со нож од обожавателка, која ја исече по лицето. Сандра успеа да избега, но малку ја закачи со ножот, за среќа без поголеми последици. Тоа беше одамна, но сè уште го паметам. Мојата сопруга нема други поголеми непријатности заради мене, бидејќи не е изложена јавно, не е таков тип, а исто така мислам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста - рече Чола во едно интервју. Тој објасни дека во овој случај, среќата во несреќата била што неговата сопруга не била љубоморна жена, па драмата завршила брзо.

- Жена ми реагираше како што треба. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека има позитивно влијание врз неа. Таа ја доживува како нешто добро и убаво, како нешто што е дел од мене. Таа публика е со мене со години и го поддржува она што го работам. Верувам дека и е драго само заради тоа - вели пејачот.

извор:kurir.rs

-(ФОТО) Има ќебапчилница и е многу близок со Здравко: Братот на Чолиќ
-(ФОТО) Целосно променет имиџ: Ќерката на Здравко Чолиќ често ја менува бојата на коса
-Здравко Чолиќ наполни 69 години: Ова се малку познати факти за неговиот живот