Откако се омажи постојано е бремена: За 12 години роди 12 деца

Кортни Роџерс од Ново Мексико не запира. Откако се омажи таа секоја година е бремена. Па така за 12 години роди 12 деца.

Кортни и нејзиниот сопруг не ни помислувале дека ќе имаат толку деца. На почетокот дури имале и проблем таа до забремени. Сепак во март 2010 година го добиле синот Клинт, а во следните години уште 5 момчиња и 6 девојчиња.

-На почетокот сите беа момчиња, а потоа пристигнаа и 6 девојчиња па се изедначија,изјавила Кортни во едно интервју.

Првиот син го родила 3 месеци пред да наполни 26 години, а последното дете пристигнало во нејзините 38.

Како 12-те деца да не им се доволни, семејството живее на фарма со повеќе од 200 животни, а за одгледувањето се грижат сите.

Еден обичен ден во семејството Роџерс започнува со голем доручек во 8 часот наутро. По тоа децата се школуваат дома а малите си играт и јадат ужинка па одат на попладневен одмор.

Големото семејство секој ден јаде по една кутија житарки, а дневно торшат по 24 јајца. Децата во кревет заминуваат во 20:30 минути како би можеле родителите да ја средат куќата и да сеподготват за следниот ден.

 Фото:screenshot