Оваа година, пред прагот на мојата 40-та година, се посветив да научам уште повеќе како да блескам одвантре и однадвор: Лејла Рамковска со топ 5 совети за здравје и убавина
Познатата инструкторка по јога Лејла Рамковска, вели убавината и здравјето како и среќата одат рака за рака. Оваа година, пред прагот на нејзината 40-та година, се посветила да тоа да научи уште повеќе како да блеска и однадвор и одвнатре.
Лејла Рамковска со топ 5 совети за здравје и убавина кои никогаш не
излегуваат од мода.
*Прв пат оваа година почнав да уживам во дневната рутина на нега наместо да ја
доживувам како обврска. Секое утро и навечер лицето го чистам, потоа со масажа
нанесувам тоник и серум.Нашите раце имаат енергија на смирување за која не сте
свесни.
*Избалансирана исхрана, избалансирана физичка активност. Секогаш е подобро
умерено но континуирано вежбање во брзиот начин на живот, па макар и 10 минути
во денот.
*Јогата е составен дел од животот. Начинот на кој успоруваме ни дава сила, ни
го подобрува имунитетот, нервниот систем и многу важно, сонот. Ако немате време
да одите во студио, практикувајте јога дома онлајн. Ветувам, животот ќе ви се
промени.
*Колаген во прав наместо сокови. Веќе сме во нова ера е кога она што го пиеме
може да делува мутлифункционално.
*Жената и хормоните се комплексна работа. Некогаш се наоѓаме како во темна
дупка, не можеме да си објасниме зошто, а причината да биде хормонален
дисбаланс. Побарајте совет од нутриционист што треба да внесете за да се
ибалансирате. Јас по совет од мојот дневно внесувам селен, ашваганда и pms
капсули.
На крајот Лејла на нејзините следбеници на Инстаграм им порача да не забораваат на себе си.
Оваа година јога инструкторката и композиторот Роберт Билбилов јавно ја објавија нивната љубовна врска
Рамковска е среќна со јогата. Но, и во љубовта. Искрено, ни раскажа и дека со познатиот музичар Роберт Билбилов се заедно половина година.
„Сега дојде моментот на она „Во вистинско време, на вистинско место“, изјави Лејла за Женски магазин.
Фото: Инстаграм