Падна снег и на Копаоник во Србија

И во Србија падна првиот снег за оваа сезона. На социјалните мрежи се појави видео од  Копаоник. 

„Во недела дождовните облаци минуваат над Србија и се движат кон исток со делумно разведрување, најпрво претпладне на северот и западот на Србија. На врвот Копаоник и високите планини над 1.500 метри надморска височина може да осамне снег“, најавуваат метеоролозите.

Снег вчера падна во Словенија, Хрватска, и БиХ.