,

По разводот ја исмејуваа ќерка ми на социјалните мрежи: Тоа не е само „детска работа“

Врсничкото насилство е присутно во различни форми, а најраспространето е на социјалните мрежи. Анонимна мајка раскажа приказна за малтретирањето што нејзината ќерка го претрпела од врсниците.

-Ќерка ми отсекогаш имала многу пријатели, таа е многу комуникативна и сите ја обожаваа. Уште кога започна со градинка, а подоцна и на училиште, таа беше многу дружељубива.

Но, велат дека разводот многу влијае на децата - јас апсолутно се согласувам и нашиот пример го потврдува тоа. 
Јас и сопругот се разведовме додека таа беше во петто одделение основно училиште.
Иако останавме во комуникација поради децата, разделбата имаше огромно влијание врз Јелена. Таа се повлече, некако стана молчелива, се дружеше помалку.

Верувавме дека е минлива состојба, но нашата ќерка изгледаше сè повознемирена, пишува Јумама.

-Се обидовме на секој начин да ја расположиме, да разговараме со неа за тоа што ја мачи, да поминеме што повеќе време и со неа и со нејзиниот помлад брат.

Порано изгледаше среќно, полесно ни беше, но потоа следеа тажни и осамени моменти. Некако се исплаши. Размислувавме што да правиме и на кого да се обратиме, бидејќи сега увидовме дека има проблем.

Еднаш ја слушнав како плаче сама во собата. Веднаш ја прашав за што станува збор. Секако, таа се обиде да каже дека не е ништо, но јас успеав да ја убедам дека ќе ѝ биде полесно и дека ќе ѝ помогнам без оглед на сè.

Тогаш таа ми раскажа како одредена група момчиња и девојчиња од нејзиното училиште биле многу непријатни со неа. Кога дознале дека нејзините родители се разведени, постојано ја исмевале, кажувајќи ѝ грди зборови. 
Нашиот развод беше главна тема во нивното општество. Таа беше толку повлечена, беше тажна и осамена. Имаше неколку добри пријатели, но поради сè што беше испратено и објавено на социјалните мрежи, се чувствуваше многу лошо.

Веднаш реагиравме. Одговорот на наставникот беше едноставно „Пуштете ги, детски работи, ќе помине“. По мојата хистерија, наставникот се согласи да разговара со децата.

Немаше многу ефект, тие продолжија со тоа, само посуптилно, сè додека не контактирав директно со родителите на тие неколку момчиња и девојчиња.

Фала му на Бога, родителите беа многу пријатни и сите реагираа веднаш. Таквото однесување на децата престана. Повеќе не ја исмеваа.

Таа сепак остана тажна, бидејќи разводот сигурно не може да биде лесен за детето. Сепак, како што престана исмевањето на социјалните мрежи, таа стана посреќна, насмеана и видливо порелаксирана.

Проблемот успеавме да го решиме на релативно лесен начин, но сигурна сум дека има многу вакво однесување и кај други деца. Тоа не е само „детска работа“.

Исповед на анонимна мајка за Yumama.com

Поврзани вести:

-Екранизмот е сличен на аутизмот: Детето развива „внатрешни светови“, независни од оној во кој живее
-Модерното родителство создава генерација себични и некултурни деца
-Децата најпогодени: Ковид-19 со нов здравствен проблем - карантинска кратковидост