Животна училница // Холивудска прашина
По соопштението дека Крис Џенер има тумор, следела операција: Ова се деталите
- 13 Јули, 2024
Секој ризик од раст на туморот е спречен
Крис Џенер (68), мајката на најпознатите старлетки од семејството Кардашијан-Џенер, била оперирана.
Направена е хируршка процедура за отстранување на матката - хистеректомија, откако лекарите откриле тумор на нејзиниот јајник, пишува магазинот „Пипл“.
Имено, бидејќи спречиле секаков ризик од раст на туморот, лекарите се одлучиле на оваа операција.
Инаку, Крис претходно низ солзи ја сподели веста со своите деца во најновиот трејлер за претстојната сезона на нивното семејно реално шоу.
– Пронајдоа циста и мал тумор – изјавила Крис, а нејзината ќерка Кајли веднаш се расплакала.
фото: фрипик