Побогата е од кралот Чарлс: Сопругата на новиот британски премиер е ќерка на познат милијардер

Риши Сунак, премиерот на Велика Британија е во брак со Акшата Мурти, ќерката на еден од најбогатите луѓе во Индија...

Риши Сунак од денес е лидер на британските  конзервативци и премиер на Велика Британија, откако минатата недела Лиз Трас поднесе оставка, а некогашниот премиер Борис Џонсон реши да се повече од трката за прв човек на Конзервативната партија.

Негова главна поддршка во борбата за функцијата премиер му беше неговата сопруга Акшата Мурти.

Тие двајца се запознале додека заедно студирале на Универзитетот Стенфорд.Риши во една прилика за медиумите раскажа дека нивната средба била љубов на прв поглед, како и дека ги менувал предметите за време на студирањето за да можел да поминува повеќе време со својата партнерка.

Парот се венчал четири години подоцна, поточно во 2009 година, а во таа прилика приредил дводневна прослава во Бангалор. Во 2013 година, тие се преселиле во Велика Британија, а две години подоцна Риши станал пратеник за Ричмонд во Јоркшир.

Инаку, Акшата е ќерка на шестиот најбогат човек во Индија, милијардерот Н.Р. Нарајана Мурти, кој е ко-основач на успешната ИТ компанија „Infosis“. Дури и индиското издание на „Times“ го прогласил за едне од најдобрите претприемачи во Индија.

Акшата долги години работела во финансии и маркетинг, но таа обласна ја напуштила и се насочила кон својата голема љубов - модниот дизајн. Денес ја води модната куќа „Akshata Designs“, а како што нагласува, профитот не ѝ е важен, бидејќи работата ја води од чиста љубов.

Британските медиуми во февруари 2020 година известуваа дека двојката наводно поседува најмногу четири имоти, вклучувајќи ја и луксузната куќа со пет спални соби во Кенсингтон, чија вредност се проценува на околу 7 милиони фунти.

Риши во бракот со Акшата доби две ерки - Кришна и Анушка, а двојката успешно ги држи од очите на јавноста. Девојчињата дури немаат ни профили на социјалните мрежи, со цел нивната безбедност да биде осигурана.

Бројни извештаи покажуваат дека Акшата е неверојатно богата, а многу проценуваат дека била побогата и од покојната кралица Елизабета Втора.

Како што се наведува, таа има 0,91 процент удел во технолошката фирма на нејзиното семејство, која вреди 430 милиони фунти.

Нејзиното семејство, исто така, има заедничка фирма со Амазон која годишно заработува 900 милиони фунти и акции во фирмата која ја води италијанскиот готвач Џејми Оливер, како и синџирот за брза храна „Vendi's“ во Индија.

фото: Принтскрин / Инстаграм