Подготвени се да го кажат судбоносното „ДА“: Џенифер Лопез и Бен Афлек планираат тајна венчавка

Фото насловна: Инстаграм/shirley.tsang.s.l

А, еве кој ќе биде меѓу гостите на тајната венчавка.

Сè е подготвено за венчавката на музичката дива Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек, или барем така тврди „ Woman's Day“.

Во своето последно издание, магазинот наведува дека парот планира набргу венчавка во Мајами.

Дека подготовките се при крај, сведочат тврдењата дека 51-годишната пејачка веќе ги избрала деверушите за денот кога ќе му каже судбоносно „да“ на 48-годишниот актер.

Според изворот за споменатиот медиум, Џеј Ло не се двоумела премногу околу тоа кои девојки ќе блеснат во улогите на деверуши на венчавката.

View this post on Instagram

A post shared by Lamegalengua (@lamegalengua)



- Венчавката е потполно подредена на семејството, па Џен и Бен сакаат целото нивно семејство да биде вклучено во овој одличен ден. Џенифер реши да ја има својата 12-годишна ќерка Ема како деверуша, како и ќерките на Бен, 15-годишната Вајолет и 12-годишната Серафина.

- Таа не ги заборави своите синови, нејзиниот 12-годишен Макс и деветгодишниот Самуел на Бен, кои исто така ќе имаат посебни улоги на венчавката - изјави извор за споменатите медиум и додаде дека кумот на свадбата на Бен треба да биде помладиот брат, исто така актер, 45-годишен Кејси Афлек.

Покрај наведеното, на наводната венчавка треба да присуствуваат нејзиниот поранешен сопруг, музичарот Марк Ентони и нејзиниот татко, кои треба да ја однесат пред олтарот.

Во „ Woman's Day“ се наведува и дека покрај Мајами, парот ја разгледува и опцијата за венчавка во Санта Барбара, а Лопез е решена венчавката да ја прави во Црква.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Бен Афлек „уловен“ во казино со мајката на Џенифер Лопез: Делат заедничка љубов кон коцкањето (ФОТО)