Погледнете во дланките пред спиење: Дали би сакале да имате контрола врз она за што сонувате?

Вие не го знаевте ова!

Соништата претставуваат свет во кој одиме од реалноста до длабочините на нашиот ум. Дали би сакале да имате контрола врз она за што сонувате?

Научниците тврдат дека луцидното сонување е целосно можно. А, со малку напор и вежбање, дури и вие можете! Некои ќе речат: „Јас воопшто не сонувам!“. Сепак,  вистина е дека сите сонуваме 3-7 соништа во една ноќ, но често ги забораваме. Ви предлагаме кратки упатства за тоа како да ги контролирате сопствените соништа според советите на луѓето кои успеале во тоа.


Лудни соништа се можни

- Првиот чекор кон луцидните соништа е водење дневник, што може да ви помогне да ги запомните своите соништа. Значи, секогаш кога ќе се разбудите, запишете го она што го паметите, дури и ако не се сеќавате на ништо - на овој начин ќе создадете навика да пишувате дневник.

- Кога се подготвувате да легнете, седнете на вашиот кревет и опуштете се некое време. Гледајте ги дланките околу 30 минути и повторете „вечерва ќе сонувам…“

- Повторете ја таа фраза, постојано гледајќи во вашите дланки. По 30 минути или кога веќе сте уморни, исклучете ги светлата и обидете се да заспиете. Вклучете го алармот малку порано отколку што го правите вообичаено и останете будни некое време пред повторно да заспиете - ова може да ви помогне полесно да ги запомните вашите соништа.

- Кога ќе се разбудите во текот на ноќта, погледнете во вашата дланка и повторете ја фразата што ја повторивте пред спиење. Клучно е да погледнете во вашите дланки, за да можете да ги гледате за време на спиењето. Ако редовно ја повторувате дадената фраза, еден ден, додека спиете, сигурно ќе ги видите дланките и ќе сфатите дека - сонувате, а потоа ќе следи сценариото што сте го замислиле и посакале да се случи. Ако успеете да го постигнете ова во сон, исто така ќе успеете да се разбудите.

Тогаш ја преземате контролата над вашите соништа.


Извор: srbijadanas.rs

Можеби ќе ве интересира:

Вознемирувачки соништа за смртта: Што ви кажува починатиот и што ако ја сонувате сопствената смрт?