Помина 300 километри и ѝ ја исполни желбата: Шерифовиќ се запозна со шампионката во џудо

Откако слушна за желбата на Азра дека сака да се сретне со неа, Шерифовиќ отпатува за Сараево и ја изненади младата девојка, а на својот профил на Инстаграм објави убав статус и фотографија со Азра.

„Слушнав дека има една девојка по име Азра која имала желба да ме запознае. Гледав неколку нејзини интервјуа и поради само еден мал детаљ донесов одлука,  без сомнение да ги одложам сите мои обврски и да отидам  во Сараево да ја видам.

Во едно од интервјуата, таа рече дека се гледа себеси и се доживува како супер херој. Сите знаеме дека сум дете во душата, затоа знаев веднаш дека мора да биде некој посебен. И бев во право - ова е девојка која има Даунов синдром, но тоа е помалку важно во оваа приказна. Она што е важно е фактот дека токму мене сака да ме види Европската шампионка во џудо и дека ова е единствената работа што таа ја сака во животот.  Што друго можам да кажам освен дека за мене тоа е огромна чест.

Азра е двојно подобра од сите нас, двојно похрабра, двојно поуспешна, дупло паметна, двојно емотивна. И што е најважно од сè - луѓе не заборавајте на ваквите лица, вакви супер херои што ги имаме во Босна и Херцеговина и во Србија и во Хрватска и низ целиот Балкан. Сепак, не заборавајте дека некаде таму благодарение на нив, била интонирана химната на вашата земја. Што се однесува до мене лично од денес па натаму,  Азра имаш пријател до крајот на животот, џудо сојузот, исто така, и  секогаш можете да сметате на мојата помош.“, напиша на својот Фејсбук пејџ пејачката Марија Шерифовиќ .