Поминав депресивен период: Се огласи екс-сопругата на Кајмакоски
Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега, се отвори манекенката Кристина Димитриевска за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Ова е прва изјава на поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски по разводот кој пејачот на почетокот на мај и самиот го потврди.
- Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе - вели Димитриевска која најавува враќање на моделството, но и пробив во музичките води.
Победникот на првата сезона на талент-шоуто „Икс фактор“ и Кристина го имаат синот Давид кој во февруари наполни две години.