Поради новите фотки на првата дама на Украина и Зеленски за „Вог“ многумина се бесни: „Луѓе гинат, а тие позираат како да се поп-ѕвезди“

Во големото интервју за магазинот „Вог“ пред новинарката Рејчел Донадио која го посети Киев, првата дама на Украина Олена Зеленски зборуваше за воената состојба во родната земја, одлуката на нејзиниот сопруг да стане претседател и принудната разделба на семејството.

Текстот со наслов „Портрет на храброста“ започнува со реченицата: „За време на војната немаше сценарио за првата дама, па Олена Зеленски го напиша своето. Иако секогаш стоеше зад својот сопруг, сега е во центарот на трагедијата .

Олена Зеленски го започна интервјуто со реченицата дека последните неколку месеци се најлошиот период во животот на секој Украинец.



„Искрено мислам дека никој не знае како и на кој начин емотивно преживуваме во моментов. Се надеваме дека ќе победиме. Не се сомневаме дека ќе биде поинаку и тоа е она што не одржува во живот“, изјави првата дама на Украина.

Зеленски (44) зборуваше за присилната разделба на нејзиното семејство - и тешкиот товар да биде во центарот на вниманието на светската сцена - во новата статија на Вог, која содржи фотографии од првата дама во воениот Киев од Ени Лејбовиц.

Во интервјуто, Зеленски рече дека нејзините деца и помогнале да го преброди овој тежок период и инсистирала на тоа дека не може да „преживее“ без нив.

Но, нејзиниот сопруг досега не можеше да се „обедини“ со нивните деца поради безбедносни причини.

„Нему му е многу потешко во тој поглед“, рече Зеленски. „Тој страда. И тогаш тоа го прават и моите деца, бидејќи не можат да се видат“, рече таа.

Од своја страна, претседателот Володмир Зеленски (44) во посебно интервју за „Вог“ изјави дека е „болно загрижен“ за своето семејство.

„Не сакав да бидат доведени во опасност. Не се работи за романса. Станува збор за ужасите што се случија овде на периферијата на Киев и за сите ужаси што се случуваат сега во нашата земја, на окупираните територии“, рече Зеленски за одвојувањето од неговото семејство.


Но, секако дека ми недостигаа“. Многу сакав да ги гушнам. Сакав да можам да ги допрам“.

И покрај тоа што е со своите деца, Зеленски откри дека се чувствува „изолирана“ затоа што не може слободно да се движи. Секојдневната задача како одење во шопинг е „сон што не може да се оствари“, рече таа.

Зеленски ги опиша изминатите пет месеци откако руските сили ја нападнаа нејзината земја на 24 февруари како „најстрашните месеци од нејзиниот живот и животот на секој Украинец“.

„Искрено, мислам дека никој не е свесен како се справивме емотивно“, додала мајката на две деца.

На почетокот на војната, нашироко беше објавено дека претседателот Зеленски бил цел број еден на руската војска, додека неговата сопруга и децата биле цел број два.

„Не можам да размислувам за тоа премногу сериозно бидејќи во спротивно ќе станам параноична“, рече таа.



Фотографиите на брачната двојка Зеленски, освен поддршка на социјалните мрежи, наиде на негативни реакции и против украинскиот претседател, кој беше етикетиран како човек кој сака да се „прослави во воени околности“.

„Кан, Венеција, Греми награди, насловна страна на Вог - како да е поп-ѕвезда, а не главен човек во земја која е нападната“, „Луѓето умираат, но Зеленски е зафатен со фотографирање за Вог“, „Тоа се вика приоритети - насловна страница на Вог пред грижата за луѓето“.

„Некои луѓе изгубија се, а првата дама и претседателот позираат на насловната страница“, „Нема ништо полошо од - сред војна сме и насловна страница на моден магазин“, се само некои од бројни коментари на социјалните мрежи.


Фото: Инстаграм Screenshot

Жена во сенка, 100% посветена на сопругот, а Зеленски од неа никогаш не бара совет: Која е Олена, првата дама на Украина?

Олена Зеленска: „Нашата идна победа има женско лице“: Од почетокот на војната, во Украина се родени повеќе од 4.000 бебиња