Поранешниот сопруг на Меган Маркл очекува дете со богата наследничка
Тие се во врска од 2017 година, а парот е во брак една година по големата кралска свадба на принцот Хари и Меган, и шест дена по раѓањето на нивниот прв син Арчи.
Холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон (43), поранешен сопруг на војвотката Меган Маркл (38), објави на Инстаграм дека тој и сопругата Трејси Курланд (33) го очекуваат своето прво дете, пренесува „Мирор“.
Парот треба да имат бебе девојче во септември оваа година, а тој ја објави среќната вест со фотографија на која позира заедно со сопругата со маска на лицето додека ја допира на стомакот.
Двојката стапи во брак една година по големата кралска венчавка на принцот Хари и Меган, и шест дена по раѓањето на нивниот прв син Арчи.
Продуцентот ја побара богата наследничка, милијардерката Курланд само две недели по кралската венчавка, а тие се во врска од ноември 2017 година. Тревор првично беше многу погоден од раскинувањето со Меган.
Кога раскинале, војвотката од Сасекс му го испратила дијамантскиот венчален прстен назад по пошта. Иако беа во врска седум години и две во брак, двојката се разведе поради „непомирливи разлики“.