Последен поздрав до Влатко од сите соработници: „Најбогат на свет“ со пријатели

Добивај вести на Viber

Вчера македонската јавност ја шокираше веста за смртта на еден од најпознатите македонски пејачи Влатко Илиевски. 33- годишниот рокер кој со години беше дел од групата „Морал“ бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, потврдуваат од МВР. 

Смртта на синоокиот пејач ја растажи целата македонска јавност и сите негови колеги. Тој беше миленик на естрадата и дефинитивно „Најбогат на свет“ со пријатели.

Покрај Ребека, Елена Ристеска, Тамара, Роберт Билбилов , Дарко Тасев... скоро да немаше позната личност или негов колега што не сподели нешто на социјалните мрежи за Влатко. 

Телото на прерано починатиот синоок рокер за последна почит беше исложено во капела во Општина „Ѓорче Петров“ , од 11 до 12 часот. Таму ќе биде и погребот.