Познато кога ќе падне првиот снег во Скопје

Добивај вести на Viber

Оваа година нема да падне снег во Скопје, но има шанси на почетокот од 2019-та, прогнозираат светските метролошки сервиси за тоа кога ќе напластат првите бели покривки во регионов.

До крајот на 2018-та предвидено е сончево, суво и топло време, па според тоа оваа година не треба да се очекува снег. Во ноември метеролозите прогнозираат сончеви денови со пониски температури. Првите две седмици температурите ќе бидат во позитива, а кон крајот на ноември утринските ќе бидат под нулата, а дневните до 7 степени.

Во декември се очекува променливо, но претежно сончево време. Утринските температури ќе бидат до -6, а дневните до 3 степени.