Пред 8 години замина од Македонија, но никогаш не се откажа од музиката: Како денес изгледа Александра Пилева
Рокерката и еден од најдобрите наши женски вокали, Александра Пилева веќе осум години живее во САД и никогаш не се откажа од музиката.
Во 2013 година, со сопругот Зоран Чадиев и со синот Лука, Пилева се пресели во Чикаго, САД.
Александра беше дел од ѕвездите на продуцентската куќа „М2“, а нејзин најголем хит е „Нема утеха“, победничката песна на „Макфест“ во 2004 година. „Ангел мој“ и „Сонце и месечина“ се исто така нејзини познати песни.
Пред да заминат во САД, Пилева и Чадиев беа сопственици на кафе бар во Скопје.
Судејќи по фотографиите на Инстаграм, Пилева и понатаму настапува и пее во Илиноис, САД со нејзин бенд.
Пејачката не се променила многу, и понатаму е истата убавица.
А нејзиниот син Лука пораснал и веќе е големо момче.
Таа често објавува фотографии и со нејзиниот сопруг Зоран.
Р.Ж.М