Премолчена приказна: Секвенца - автобиографска

Добивај вести на Viber

На адресата на Женски магазин пристигна уште една „Премолчена приказна“ од наша верна читателка.
Ви ја пренесуваме во целост:

„Утрово повторно доцнеше на работа, вторпат за овој месец.

Порано тоа никогаш и’ се немаше случено, но веќе не се вознимируваше и не брзаше да се сретне со сивилото на денот.

Полека ги навлекуваше хулахопките, свилени, касторо.

 Дамите и на -20 носат свилени хулахопки и’ беше рекла една нејзина постара пријателка - таа неизмерно ја почитуваше!

Внимателно ги навлекуваше, беше кај листовите, нежно ги тегнеше нагоре, попуштената вена не можеше да ја покрие.

Ништо што во минатото не’ обележало не може да се сокрие, секогаш остава трага- нејзиниот прв пораѓај.

На вратот ја стави својата омилена марама.  Беше готова, нашминкана (секогаш  прво се шминкаше).

На нозете обу чизми со ниски потпетици, високи не носеше од времето кога реши светот со сопствени чекори да го изоди.

Во ходникот набрзина го наметна капутот и фрли брз поглед во огледалото.

Беше задоволна, излезе.

И да, за денес беше одбрала фустан со должина до подколена, со длабок V израз, иста боја како карминот- боја на заборавено вино.

Скроен токму за ваков ден - нејзиниот роденден!“

- НаНа

*Постојат уште мал милион приказни кои никогаш не биле раскажани, мал милион приказни кои никогаш не биле слушнати, а тие приказни сте ВИЕ.
Ве охрабруваме и Вие да ја раскажете вашата приказна за Женски магазин.

*Испратете ни ја на нашата е-маил адреса: contact@zenskimagazin.mk

-Премолчена приказна: Јас колку што знаев баба ми и дедо ми имаа прекрасен брак