Преубавата актерка уловена во пријатно друштво: Анџелина Џоли во (не)обичен фустан

Анџела Џоли беше на вечера со колешката и пријателка Елен Помпео, ѕвездата од серијата „Вовед во анатомија“. Актерките со себе ги земаа и своите ќерки - Анџелина, 12 - годишната Вивиен, а Елен, 12 - годишната Стела Луна.

Малото и весело женско друштво вечераше во италијанскиот ресторан „E. Baldi“ во Беверли Хилс, познато како месот за собирање на познатите личности.

И додека Елен за оваа прилика одбра комбинација која се состоеше од црни парчиња, Анџелина беше апсолутно спротивна. Таа беше облечена во лесен бел фустан, кој го искобинира со класични лаковани високи потпетици во „nude“ нијанса.

Фустанот на Анџелина е малку збунувачки на прв поглед, бидејќи изгледа како облека за по дома. Тоа е модел што го нарекуваме наметка-фустан поради неговата очигледна сличност со традиционалното домашно парче облека. Тоа е всушност фустан со преклоп и ремен што се врзува на половината, а овој на Анџелина дополнително потсетува на наметка поради белата боја. 

Можеби по кројот не е елегантен, но затоа се вбројува помеѓу најудобните модели на фустани кои може да ги имате во својот плакар.

фото: Profimedia