Пријателка од детството: Другарството со неа е непроценливо

Добивај вести на Viber

Секој од нас има барем една другарка од детството со која се слуша или другарува и денес.

Ја познавате уште „од пелени“. Со неа прв пат избегавте од школо. Беше до тебе кога прв пат влезе во училница со протеза за заби. Треба да се измисли посебна титула за таа, толку важна личност. Пријателка од детството.

Ако имате среќа, вашaта пријателка од детството е вашата кума денес. Можеби вашиот пријател од детството е на истото место каде што живеете или на друг континент. Нема врска. Таа личност има посебно место во вашиот живот. И верувате повеќе од другите, бидејќи таа е како член на семејството. Растевте заедно. Не можеме да ги избереме членовите на семејството, ама пријателите можеме! Секогаш е наш избор. Пријателката од детството ги знае тајните на вашите деца, а вие, на нејзините, и сте неразделно поврзани. Таа ги слушаше сите ваши љубовни маки. Таа беше сведок на вашето прво пијанство и трезвеност. 

Секако, има многу подобра меморија од тебе и го извлекува од тебе сеќавањето кое толку се трудеше да го потиснеш. Најчудно во врска со тоа е што тогаш всушност ја сакаш многу повеќе бидејќи тогаш сфаќаш колку добро се познавате.

Зошто вашата пријателка од детството е најдобра:

-Тие ве разбираат подобро од кој било друг, бидејќи тие беа таму секој пат кога ќе направевте нешто за прв пат (на пример кога се опијанивте од текила)

-Најдобрите приказни се од времето кога сте биле сите заедно. Не дека вашите колеџ-приказни не се епски, но тие никогаш нема да ги надминат искуствата со другарката од вашето маало.

-Не е важно што веќе долго време не сте се чуеле. Поминуваат три месеци и одеднаш се сеќавате дека сакате да разговарате со другар од вашата татковина за проблемот со постоењето. И се јавувате и зборувате три часа. Животот е убав.

-Кога треба да се тргнете од реалниот живот, тие се идеални за тоа. Фактот дека не сте толку физички блиски со вашите пријатели не е толку лош. Кога сите околу вас се безврска, многу е освежувачки да слушнете што мислат за вашата работа и животните проблеми.

-Можете да ги прашате нешто што никогаш не би го прашале некој друг во вашиот живот. Како, „Дали е чудно што ќе го сакам _____ засекогаш (вметнете име на момче од втора година)?“

-Вие сте секогаш на исто ниво на растење. Кога ќе се запрашате како е можно да чекорите во дваесеттите години, сите се исто изненадени како вас.

-Кога ќе се вратите дома, имате околу четири места каде можете да одите. Не е тоа тоа ако не одите на ручек кај мајката на вашата пријателка или на освежителна сесија со пријателката од поранешното маало.

-Кога имате потреба да се искажете, тие се тука за вас. Ја сакате вашата мајка, но таа никогаш не ве критикувала толку многу за вашите животни избори. Тука скокнува другарката чија мајка е идентична и затоа се разбирате уште од самиот почеток.

-Сега веќе знаете кој е всушност со вас. Пријателите од факултет може понекогаш да исчезнат, но оние кои навистина ви значат секогаш ќе бидат тука.

-Спомените од основно и средно училиште се толку смешни кога ќе се опиете. Само дајте ни шише вино и ние ќе ви докажеме.

Додека бевте мали, таа беше твој:

-Најголем ривал во скокање на ластик

-Меѓу првите на твојот роденден, секогаш ве тераа да се сликате заедно

-Таа ве удри со камен по глава 

...Има толку работи кои ве поврзуваат со вашата најдобра пријателка од детството што би можеле да пишуваме со денови...

Што ве потсеќа вас на другарката од детството, кажете ни во коментар.