Пријателке, проклетничке! Ова е причината за кавгата помеѓу Цеца и Мира Шкориќ, а нивната песна навести крај на пријателството!

Пејачките Мира Шкориќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ долго време беа најдобри пријателки, но тие две не се во контакт со години.

Мајката на Мира почина пред неколку години, а после тоа пејачката откри дека била најизненадена што Цеца не и изразила сочувство.

- Таа не ми се јави ниту ми испрати порака. Ете, Цеца тоа го направи. Секој има свои причини, но вистина е дека таа не ми се јави - рече Мира, која додаде дека нема намера прва да и се јави на Ражнатовиќ.

- Браковите се распаѓаат по 40 години, а не едно пријателство. Нема шанси прва да и се јавам. За разлика од другите, јас имам свој став за сето ова и зошто би морала да бидам нешто што не сум. Она што е меѓу нас повеќе не е важно. Не сум во кавга со неа, едноставно не комуницираме, не се дружиме - објасни Шкориќ.

- Ние две не мислиме исто, едноставно не сме исти. Знам дека некогаш бевме како едно, но, добро, не треба да плачеме за тоа цел живот. Знам дека е интересно, но не треба да биде направено од магаре комарец. Цеца е одличен уметник, sвезда, и за тоа не се зборува. Во минатото секогаш имав убаво мислење за неа - заклучи Мира Шкориќ за српските медиуми.

Минатата година, Мира дефинитивно ја оспори секоја можност за помирување.

- Никогаш нема да се помирам со Цеца. Јас дури и не би зборувала за тоа, подобро е да молчам. И ја посакувам сета среќа на светот - истакна пејачката.

Светлана Ражнатовиќ секогаш беше јасна за прекинот на пријателството со Шкориќ.

- Што се однесува до нашата врска, можам да ви кажам дека секоја врска има свој почеток и крај, и секогаш со причина - рече Цеца за медиуми.

Да потсетиме, овие две популарни пејачи го снимија дуетот „Ne računaj na mene“ во најдобрите денови на нивното пријателство. Насловот на оваа песна како да го предвиде крајот на секоја комуникација помеѓу Цеца и Мира ...




Фото: Youtube/screenshoot

Сетрата на Цеца- Лидија роди 4 деца и изгледа фантастично: Уверете се и сами