Првата дама Елизабета и Стево Пендаровски како пар од Холивуд: Софистицирани на 62-то Охридско лето

Вчеравечер свечено беше отворено 62-то издание на фестивалот „Охридско лето".

Шефот на државата на фестивалот пристигна со Првата дама Елизабета која ги остави без здив присутните.

Таа носеше свечена вечерна тоалета со интересен крој на ракавите и со уникатни детали кај вратот и градите. А Пендаровски носеше класичен костум во темна боја со бела кошула и вртоврска.

Парот ја воодушеви јавноста со својот изглед, а Елизабета уште еднаш докажа дека е секогаш доследна на висината на задачата.


На сцената на Античкиот театар на меѓународниот фестивал „Охридско лето“, свое обраќање имаше и претседателот Стево Пендаровски. 


И водителите на настанот, убавата Татјана Стојановска и Борислав Тноковски носеа убави елегантни модни комбинации. Повеќе за изгледот на шармантната водителка прочитајте ОВДЕ. 


Фото и Видео: Инстаграм - Стево Пендаровски