Рада и Милан се неразделни, заедно посетуваат манастири: Свештеник им даде благослов за врската

Два месеци откако ја раскина шестгодишната врска со Харис, Рада наводно му се вратила на Милан

Веќе извесно време се шпекулира дека Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ се повторно заедно, но сега, како што пишуваат српските медиуми, пристигнала потврда.

View this post on Instagram

A post shared by RADA MANOJLOVIC (@radamanojlovic)


- Иако раскина со Милан пред 10 години, Рада цело тоа време беше блиска со него. Сè повеќе кавги и несогласувања со Харис ја наведува да се запраша дали тој е вистинскиот маж за неа. Рада почна сè почесто да разговара со Милан. Заедно почнаа да посетуваат манастири и Рада сфати дека е многу посмирена и посреќна со Милан бидејќи имаат ист поглед на иднината - вели извор за „Star“ и додава: „Сфати дека треба да го напушти Харис, кој стана сè  повеќе и повеќе себичен“.

View this post on Instagram

A post shared by MILAN STANKOVIC (@milanstankovic)


Милан и Рада сè  уште се гледаат во тајност, но тоа наскоро ќе се промени. Според изворот, најверојатно наскоро ќе почнат да живеат заедно.

Извор: www.telegraf.rs