Расплакаа милиони: Го донираа срцето на прерано починатиот син, за возврат добија неверојатен подарок

Човекот кој го доби срцето на синот на Џон решил да му се заблагодари на многу емотивен начин

Милиони луѓе ширум светот плачеа гледајќи емотивно видео од татко, чиј син почина во несреќа минатата година. Имено, синот на Џон, Дакота имал само 16 години кога починал во сообраќајна несреќа, а семејството решило да ги донира неговите органи.

Човекот кој го доби срцето на неговиот син решил да му се заблагодари на многу емотивен начин. Мајката на Дакота, Стефани објави видео што ја прикажува реакцијата на Џон кога на нивната домашна адреса пристигнал пакет, во кое имало порака и мала играчка плишано мече. "После една година откако го добив срцето на вашиот син, отидов на преглед. Таму го направивме ова ... срцето на Дакота", гласела пораката што човекот ја прочита во солзи.

Несреќниот татко го извади плишаното мече и притисна на копчето на градите - го слушна срцевиот ритам на неговиот син кој спаси нечиј живот.


Ова видео има скоро милион лајкови на Твитер, а под него има голем број коментари во кои луѓето посочуваа колку се трогнати од овој пост.


Фото и Видео: Твитер

(ВИДЕО) Една е сестра: Откри дека тројцата браќа ѝ умираат - направи нешто неверојатно за да ги спаси